The Manifesto of Jane Sandanski, the Macedonian revolutionary, 1908!

Picture of the Manifesto of Jane Sandanski

 Transliteration in Macedonian:

Драги сотатковници,

Толку долго чеканиот зрак на слободата изгреа. Нашата измачена татковина се прероди. Срамниот апсолутизам е во агонија. Против него стана целиот народ во лицето на сите нации што го составуваат. Револуционерниот повик на нашата братска Младотурска револуционерна организација се намери на радостен одѕив во душата на толку измачениот народ. И народот – роб стана господар. Неговата света пресуда е:

Смрт на апсолутизмот!

Смрт на угнетувачите!

Драги сотатковници,

Денешниот момент е голем. Во него ќе се реши големото прашање: да биде или да не биде нашиот народ? Кој ќе биде победник – тоа зависи исклучиво од вас, од вашата волја и готовност да умирате за слободата. И зарем вие, граѓани, што веќе вкусивте од слатките плодови на слободата, ќе се поколебате да ја исполните својата пресуда и да не го закопате злосторничкиот апсолутизам?

Сотатковници Турци,

Вие го составувате големото мнозинство од народот, но заедно со тоа вие најмногу ги почувствувавте сите злостор-ства на нашите заеднички непријатели. Во своето турско царство, вие не бевте помалку робје од вашите сотатовници, христијаните. Нашите управници лажеа досега дека христијаните биле ваши непријатели. Сега вие разбирате кои е ваши браќа, а кои ви се непријатели. Вие први излеговте во борбата за слобода и рамноправност. Заедно со вас се сите. Вашиот проглас: „Народите се браќа и како браќа треба да живеат” – ги загреа срцата на христијанското население и го олесни во мачното прашање: по кој пат може да стигне до слободата. Затоа: да живее започнатата борба против тиранијата за да заживее целокупниот народ?

Драги сотатковници христијани,

И вие бевте не помалку заблудувани и верувавте дека вашите маки произлегуваат од тиранијата на целиот турски народ. И таа заблуда падна. Сега вие си подавате братски раце и само со тој сојуз вие ќе ја извојувате толку досега саканата и скапо платена слобода. Зацврстувајте го тој сојуз. ДА ги закопаме заедно со апсолутизмот и создаваните од него национални самоистребувачки борби.

Сонародници,

Вие, кои дадовте толку скапи жртви пред олтарот на слободата, можете радосно да здивнете. Era вие не сте сами (и) ете зошто вашата борба станува уште понадежна и полесна. Co заедничките усилби на сите народности ние ќе ја извојуваме нашата полна слобода. He подавајте им се на престапните агитации кои можеби ќе се поведат од официјалните власти во Бугарија против нашата заедничка борба со турскиот народ и неговата интелигенција којашто се стреми кон слобода.

Драги сотатковници,

Ждрепката е веќе фрлена. Враќање назад нема, а и кој од вас би посакал да се врати повторно кон смрдливата атмосфера на неправдата и развратот на бившата тиранија? Да си дадеме сите збор дека ја претпочитаме смртта на светата слобода пред гнасниот јарем на ропскиот живот.

Смрт на тиранијата – да живее народот! Да живее слободата! Да живее солидарноста меѓу народите! Да живее големата народна борба! Да живее народот!

Солун, 18 јули 1908 год.
Сандански

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: